Дијаз: Под 20 милиони не се јавувам на повик!

nejt-diaz-vo-studio

Минатата ноќ, накратко се прошири гласина за желбата на УФЦ за привремениот појас во лесна категорија да ги спари Хабиб Нурмагомедов и Нејт Дијаз, но голем број на извори, вклучувајќи го и самиот борец од Стоктон ги негираа овие информации.

За повеќе детали во оваа приказна, Ариел Хелвани одлучи да го контактира помладиот Дијаз кој одговорил дека УФЦ не му ја понудил таа борба, а потоа испрати јасна порака до лидерите од најмоќната ММА промоција.

„Ќе се борам само во лесна категорија и во голема борба или барам 20 милиони само да одговораме на повикот. До тогаш само ќе го живеам својот живот“, е пораката на Дијаз.

Нејт накратко се осврна за евентуалната трета средба со Конор Мек Грегор.

„Јас веќе го победив, но тие не ми плаќаат доволно за повторно да се борам со него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON