Џудистката Стефани Инглис е во кома по ужасен инцидент со мотор

Stefani Inglis

Медалистката на турнирот во џудо на Игрите на Комонвелтот во 2014 година се бори за живот во Виетнам по ужасен инцидент со мотор. Настрада 27-годишната Шкотланѓанка, Стефани Инглис, која е во кома во болница во Ханој. Таа има сериозни повреди на главата и е на реанимација.

Сребрената натпреварувачка во јануари заминала на далечниот исток, за да предава англиски на локалните деца како втор јазик. Според нејзината помала сестра Стејси, семејството ја дознало лошата вест во 7 часот во средата.

Stefani Inglis so deca

Оскудните информации покажуваат дека Стефани Иглис ги користела услугите на најпопуларните во Виетнам такси-мотоцикли, но нејзиното долго здолниште се заплеткало во гумите и таа паднала. Спортистката била влечена од моторот, како резултат на што се здобила со тешки повреди, поради кои е во кома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON