Џудистката Катерина Николоска е еден од петте македонски учесници на Олимпијадата

KATERINA-NIKOLOSKA-624x490

Македонскиот олимписки комитет (МОК) го потврди списокот на спортисти кои ќе ја сочинуваат македонската делегација на претстојните Летни олимписки игри во Рио де Жанеиро во Бразил.

Нашата земја ќе биде претставувана од вкупно пет спортисти, а од боречките спортови тоа е Катерина Николоска, потоа и Анастасија Богдановски (пливање), Ристе Пандев и Дрита Исљами (атлетика) и Нина Балабан (стрелаштво) и Катерина Николоска (џудо). Секој од спортистите ќе има и свој тренер во Рио.

Истовремено МОК потврди дека пливачот Марко Блажевски нема да учествува во Рио поради правилото еден ист спортист да не може да учествува на две олимпијади без обезбедена А-норма, со што во Рио нема да имаме претставник во пливачките дисциплини во машка конкуренција.

Предводник на делегацијата на МОК ќе биде спортскиот директор Владимир Богоевски, а медицинско лице одговорно за здравјето на спортистите очекувано е д-р Зоран Ханџиски.

Олимпијадата во Рио започнува на 5. август со свечената церемонија на стадионот „Маракана“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON