Џудистите на Сенсеи – Радовиш освоија 8 медали на „Струга опен“ (ФОТО)

Sensei Rdaovis na Struga open 2016

Џудистите на Сенсеи од Радовиш освоија осум медали на Меѓународниот турнир „Струга опен“, од кои 2 златни, 2 сребрени и 4 бронзени.

Sensei Radovis borba 2016 Struga open

Џудо клубот Сенсеи на турнирот учествуваше со 12 џудисти.

Златни медали: Катерина Ефтимова и Анастасија Ристова.

Сребрени медали: Невена Поцкова и Ѓорги Митев.

Бронзени медали: Илијана Ристов, Тијана Серафимовска, Зорана Капетанова и Ратко Костов.

Sensei radovis Struga piedestal 2016

Ратко Костов ја имаше најдолгата и најисцрпувачката борба на турнирот која траеше 20 минути.

Убави борби покажаа и Ванче Пулев, Матеј Коцев, Анастасија Пулева и Благица Гоцевска, иако не се закитија со медали.

На „Струга опен 2016“ учествуваа 320 џудисти од Македонија, БиХ, Црна Гора, Грција, Србија, Хрватска, Бугарија, Холандија и Албанија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON