Учениците од ЏК Санкаку вчера на Државното првенство за основни училишта освоија еден сребрен и еден бронзен медал.
Санкаку за своите училишта настапи со тројца џудисти: Ненад Ризовски (-42 кг) бронзен медал, Тамара Јакимовска (-57 кг) сребрен медал, а Адријан Мирчески (-38 кг) е без пласман. Првенството беше во организација на Федерацијата за училишен спорт во соработка со Џудо федерацијата на Македонија.