Џозеф Паркер од Нов Зеланд остана во полпозиција за евентуален меч со светскиот шампион Ентони Џошуа, средувајќи го Александер Димитренко за само три рунди.
Тие се сретнаа во Окленд, Нов Зеланд, а Паркер забележа победа по чуден завршеток од негова страна.
Уште во првата рунда го испрати Димитренко во нокдаун, а тоа се случи и во втората рунда. Паркер вешто ги избегнуваше директните удари на својот противник, а видливо беше дека тое подобриот боксер во рингот.
Во третата рунда беа во клинч, а на Димитренко коленото му отиде на подот. Тогаш Паркер го изненади противникот со удар во телото, што се покажа и фатален за Димитренко кој го свтика телото од болка и не успеа да продолжи.
Паркер останува задолжителен предизвикувач за појасот на Ентони Џоуша, а не е исклучено да се сретнат на 26 ноември во Манчестер. Се уште постои и можноста Џошуа да се сретне со поранешениот владетел на дивизијата Владимир Кличко.
https://youtu.be/2FQNWHhlbW8