Џозеф Паркер (22-0, 18 КО) е новиот ВБО светски шампион во тешка категорија.
Во Оукленд, со мнозинска одлука на судиите го победи Енди Руиз Јуниор (29-1, 19 КО) и му го нанесе првиот пораз во кариерата. Оценките на судиите се 115-113, 115-113 и 114-114.
Паркер стана првиот светски првак во тешка категорија од Нов Зеланд.
Понискиот Руиз во средината на рингот во првата рунда и го нападна Паркер со удар во градите и стомакот. Потоа со преден директ во главата и со десен директ. Новозелндецот успеа да палсира директ во главата кон крајот на рундата.
40 секунди пред карјот на втората рунда Руиз го притисна Паркер покрај јажињата на што Паркер по примениот удар контрира со десно кроше. Мексиканско-американскиот боксер правеше притисок до крајот на рундата и уште еднаш го погоди противникот.
Руиз Јуниор беше подобар и во третата рунда. Ја држеше средината на рингот, ја контролираше борбата, добро контрираше со лево кроше и ги блокираше нападите Паркер во телото.
Во петата Паркер се впушти во отворена размена и тоа му беше најдобрата рунда во дотогашниот тек на мечот.
Во шестата Паркер кружеше околу Руиз кој добро напаѓаше во тело. Во размената на средината на рингот и двајцата добро погаѓаат со лево кроше.
Во последната минута од седмата рунда Руиз со експлозивен напад од шест удари успева да неколку пати да го погоди противникот, кој успева да контрира. Паркер во овој дел од борбата погоди одличен преден директ во главата.
Во осмата најмногу видовме во последната минута. Домашниот боксер беше малку попрецизен во промените.
Во деветата повторно подобар беше Паркер. Добро работеше со предниот директ и успешно изведе комбинација со два удари во телото, иако се уште Американецот е оној кој оди напред.
Енди Руиз очигледно успори во 10 рунда, додека Паркер пред да влезе во шампионската рунда многу добро ја користите левата рака, а добро ги поврза десниот директ и левиот аперкат.
Се по изморениот Руиз не се откажува од напад ни во 11 рунда, но е се побавен. Најзначајниот удар во претпоследната рунда беше десниот директ на Новозеландецот.
Руиз во финалето влезе со намера да се испотепа, но Паркер не влегува во отворена борба, добро кружи и го погаѓа Американцот.
Насловот го испразни Тајсон Фјури во октомври.