Ентони Џошуа одговори на обвинувањата на Паркер дека е на стероиди.
При гостувањето во ток-шоуто на Греам Нортон водителот го нарече Паркер „Кралот на питите“ на што Новозеландецот одговори дека ако тој е „Кралот на питите“ Џошуа е „Кралот на стероидите“.
Џошуа првично истакна дека тој не го нарекол Паркер со тоа име, туку водиетлот.
„Слушнав толку многу ѓубре во боксот така што тоа не е ништо ново. Може ли да го тужам?“, рече смешкајќи се.
„Знам дека сум чист и затоа не наседнувам на тоа. Така е како што е. Ако не сум чист, ќе дознаете во оваа борба. Ако не бев чист во сите претходни борби, ќе се мачам против Паркер, бидејќи се што земав веќе излезе од моето тело“.
„Валканото зборување има свое место во боксот, но тоа не треба да се користи како средство продажба на борбата. Никогаш не би го сторил тоа, за да ја продадам борбата“.
Сонародникот на Џошуа Тајсон Фјури неодамна се спогоди со Британската агенција поради позитивниот допинг тест, а токму Фјури долго време го предизвикуваше Џошуа по прашањето за допинг.
„Во овој спорт го ризикувате својот живот. Мора да бидете внимателни со такви работи. Човечките животи се во прашање, ова не е партија голф“.
Пресметката на непоразените шампиони Ентони Џошуа (20-0, 20 КО) и Џозеф Паркер (24-0, 18 КО) ќе се одржи на 31 март во Кардиф.