Џошуа веќе бара нов противник

dzosua-so-pojasot-na-pojas

Ентони Џошуа најверојатно ќе го прескокне мечот против Владимир Кличко. Светскиот шампион во тешка категорија веќе разгледува и други варијанти откако преговорите со Украинецот заглавија.

„Во моментов го чекаме мислењето на Светската боксерска асоцијација, но, со или без Кличко, Ентони ќе се бори на 10 декември. Преговараме и со други боксери, иако ќе стискаме палци Кличко да го прифати мечот. Се надевам дека ќе гоприфати предизвикот наместо да се бори против некој слаб ривал во Германија“,вели промоторот Еди Херн.

Според британските медиуми, ако Кличко не се согласи за меч, тогаш меѓу варијантите за противник на Џошуа може да бидат Кубрат Пулев и Дејвид Хеј.

https://youtu.be/_J9ZXVQeEso

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON