Џошуа: Тешката категорија ќе биде вистински испит за волјата на Усик

Освојувајќи ја Светската боксерска супер серија, Александр Усик (15-0, 11 КО) ги обедини сите титули во лесно-тешка категорија.

Олимпискиот шампион од Украина веќе го најави преминот во тешка категорија во блиска иднина, а пред неколку дена потпиша договор со Мечрум бокс, чиј член е и светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа.

Џошуа ги цени вештините на Усик, но го предупредува дека нема да биде доволно за успех во тешка категорија.

31-годишниот Украинец во следниот борба би требало да ја брани титулите против Тони Белју, ако успее да ја реши ситуацијата со предизвикувачот на ВБА федерацијата Денис Лебедев.

„Ако правилно се подигне во тежината може да успее и во тешка категорија. Мора да се има на ум дека во тешкашката категорија денес не е како во времето на Мухамед Али и Роки Марчијано. Во тоа време, момци како мене, Фјури и Вајлдер биле несмасни. Денес координацијата и кај големите тешкаши е добра, знаеме да удираме и јаки сме. Усик мора да се  подига правилно, во фази и да го разбере како р да се биде во рингот со противник тежок 110 или 115 килограми. Со момците кои удираат навистина силно“, рече Џошуа.

„Тука успехот не се базира само на вештината, ова е тешка категорија. Се заснова на волјата. Се работи за тоа колку можете да примите, така што ако правилно се подига во килажата, а знам дека има многу аматерско искуство и дека е добар во лесно-тешка – тоа ќе биде вистински испит за неговата волја, како и тест за неговите вештини. Ќе биде интересно да се види како ќе се развива. И повеќе е од добредојден, бидејќи тој е добивка за боксот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON