Ентони Џошуа откри дека Тајсон Фјури знае изненадувачки може да го повика само за да му каже дека ќе го нокаутира.
„Тој е интересен лик. Тајсон знае да ме изненади јавувајќи се на телефон и да рече нешто: Се јавив да се насмеме малку. Тогаш ја му велам дека ќе го нокаутирам, а потоа тој вели: Замолчи, јас тебе ќе те нокаутирам. Таков е Тајсон и нашиот однос“.
ЕЏ вели дека неговиот британски ривал не го смета за пријател, но дека постои меѓусебна почит.
„Не сме пријатели, не сме пријатели,но постои почитување меѓу нас. Го почитувам тој човек, си ја заврши својата работа. Почитта постои, но ние сме борци. Тој е борец од својата 12 година. Јас почнав на 18 години, пред тоа ништо друго не работев. Малку играв фудбал, но срцето ми е со боксот. Го сакам овој спорт и еден ден би сакал да се борам со Фјури“.