Џошуа се закани дека ќе му ја затвори устата на Милер

Ентони Џошуа се закани дека ќе му ја затвори устата на безобразниот американски боксер во тешка категорија Џара Милер.

Тие двајцата се закачија пред некое време годинава, односно при посетата на Џошуа во САД. Тогаш светскиот шампион во тешка категорија ја промовираше својата битка со Александар Поветкин во Њујорк. Милер почна да зборува глупости за Британецот, а работата стигна дотаму што мораа да ги раздвојуваат за да не дојде до поголем инцидент.

„Милер мора да биде внимателен кога ќе ми се приближи“, порача Џошуа и додаде: „Не треба да стапнува на моја територија. Ако сака да се бори, ќе добие шанса. Нема потреба да станува мој непријател. Може мирно да преговара за неговите услови“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON