Џошуа – Пулев договорена работа за титулата

Светскиот првак во бокс тешка категорија, Ентони Џошуа, во април ќе треба да се бори со Бугаринот Кубрат Пулев, за појасот во ИБФ верзијата.

Aлександaр Усик истотака е задолжителен предизвикувач на Џошуа, во верзијата ВБО, но Британецот веројатно прво во април ќе го брани појасот во ИБФ против Пулев, а Украинецот Усик ќе треба да почека неколку месеци за да влезе во ринг со Џошуа. Усик на 7 март веројатно ќе се бори со Дерек Чисора, па нема шанса повторно да боксува во април, а Џошуа најави дека следната борба ќе му биде во април. Битката на Џошуа и Пулев веројатно ќе биде некаде во Велика Британија, но тоа треба допрва да се одлучи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON