Џошуа не може да го распродаде Вембли

Ентони Џошуа нема да го распродаде „Вембли“ за мечот со Александар Поткеткин. Дуелот е следната сабота и ќе биде за три од светските титули во тешка категорија.

„Овој пат требаше многу повеќе да поработиме. Нормално, кога станува збор за борба со учество на Џошуа, сè се продава. Овој пат е нешто послабо отколку на средбите со Кличко и Паркер. Луѓето постојано ме прашуваат за средбата на Ентони со Вајлдер. И објаснувам оти Џошуа задолжително треба да се бори со Поветкин. Ми возвраќаат дека Ентони ќе победи со нокаут и ќе дојдат во април да го гледаат дуелот со Вајлдер. Ако Поветкин направеше некаква провокација на прес-конференцијата, тогаш билетите одамна ќе беа продадени“, вели Херн

Еди Херн призна дека останале само најскапите билети.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON