Џошуа на дружењето со медиумите се појави видно ослабен

Судејќи според фотографиите, Енди Руиз Јуниор и Ентони Џошуа ќе бидат значително полесни во реваншот отколку во првата борба.

30-годишниот Мексиканец го изненади Британецот во Њујорк во јуни и го победи со прекин во седмата рунда за да стане нов Светски шампион во ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.

Џошуа тежеше 112 килограми за американското деби и 121,6 Руиз. Двајцата ќе бидат полесни во Саудиска Арабија на 7 декември.

ЕЏ изгубил мускулна маса и мексиканецот маснотии.

Џошуа се појави на дружењето со претставниците на медиумите каде беше најавено јавно сприкажување на неговата борба од Диријах на две локации во Лондон по примерот на фудбалски натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON