Џошуа му се закани на Пулев: Ништо нема да ме спречи да победам

Светскиот шампион во боксот во тешка категорија ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, Ентони Џошуа (Велика Британија) верува дека ќе го совлада предизвикувачот Кубрат Пулев од Бугарија во мечот на 20 јуни во Лондон. Средбата ќе се одржи на новиот стадион на Тотенхем и се очекува да започне околу 10 часот по локално време.

„На 20 јуни ќе ги бранам светските титули во тешка категорија. По некое време ќе се вратам во родниот град. Голем објект е изграден во Северен Лондон и ми претставува чест што светската боксерска заедница ќе собере, за да гледа како правам историја во првиот меч за светска титула на стадионот. Појасите ќе бидат високи во воздухот и ништо нема да ме спречи да победам“, рече Џошуа.

30-годишниот Британец има 23 победи (21 со нокаут) и 1 пораз на 24 професионални натпревари. Пулев (38), задолжителен предизвикувач на ИБФ, има 28 победи (14 со нокаут) и 1 пораз на 29 средби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON