Светскиот шампион во тешка категорија на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) и супершампион на Светската боксерска асоцијација (ВБА) Ентони Џошуа ја поминува границата од 50 милиони фунти по заработувачка како носител на најпосакуваните појаси во професионалниот бокс.
Паричникот пред претстојниот обединувачки меч на 31 март против Џозеф Паркер тежи околу 30 милиони фунти, а околу 20 од нив ќе одат во џебот на Џошуа. Британското издание „Експрес“ направило збир на сите хонорари на најголемата ѕвезда во категоријата од мечот против Доминик Бризил на 25 јуни 2016 година, против кого ја напрви првата одбрана на појасот на ИБФ.
Тајсон Фјури – 20 милиони долари
Ентони Џошуа – 45 милиони долари
Дионтеј Вајлдер – 16 милиони долари
Џозеф Паркер – 5 милиони долари
https://twitter.com/BoxingKingdomI4/status/946500712858570752?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D701885
Еве го прогресот на заработувачките на Џошуа во борбите како шампион:
Против Доминик Бризил – 1,5 милиони фунти
Против Ерик Молина – 2 милиони фунти
Против Владимир Кличко – 15 милиони фунти
Против Карлос Такам – 16 милиони фунти
Вкупно – 34,5 милиони фунти
За неговата борба против Чарлс Мартин, против кога ја освои титулата на ИБФ, Џошуа заработил 6 милиони фунти. Првиот негов сериозен меч, пак, беше против Дилиен Вајт, за кој спечали 3 милиони фунти, а тоа се случи токму пред шампионскиот меч со Мартин.