Ентони Џошуа за малку физички не се пресметал со Владимир, неколку минути по победата на Вембли.
Ова го откри промотор на светскиот шампион Еди Херн.
Тој истакна дека по средбата Џошуа отишол да му честита на Владмир, но Витали не реагирал многу позитивно на тоа.
„Кога е во рингот, Ентони е ужасен човек. Надвор од него е еден од најпријатните луѓе кои можеш да ги сретнеш, но во рингот е само ужасен. Тој и Витали за малку не се степаа по мечот. Ентони отиде до Владимир и му се заблагодари по средбата. Тој сакаше да поразговара за мечот со Владимир, но витали се обиде да го истурка. Ентони му рече да се ебе“, објасни за случката Херн.
Владимир Кличко ја има опцијата за реванш во договорот, но дали ќе ја искористи – времето ќе покаже.