Ентони Џошуа (22-0, 21 КО) овој викенд во Њујорк ќе ја брани титулата во тешка категорија по седми пат.
29-годишниот Британец на рингот во Медисон сквер гардена се среќава со Енди Руиз (32-1, 21 КО).
Американско-мексиканскиот тешкаш ова ќе му биде втора борба за титулата светски шампион во тешка категорија. Во првата беше поразен со мнозинска одлука од Џозеф Паркер за слободната титула на ВБО.
Џошуа и Руиз излегоа пред навивачите и направија отворена тренинг сесија.