Шампионот во тешка категорија во верзија на ИБФ, Ентони Џошуа и поранешниот светски шампион Владимир Кличко ќе го поделат 22,6 милиони долари за борбата која ќе се одржи на 29 април 2017 година во Лондон.
Организаторите на мечот очекуваат дека тој ќе донесе заработувачка од 37,7 милиони доалри, а стадионот „Вембли“, на кој ќе се одржи пресметката ќе биде посетен од рекордните за бокс меч 90.000 гледачи и така ќе го подобри досегашниот рекорд од 80.000 на мечотт Фрок – Гроувс II во мај 2014.
Очекувањата на промотор на Џошуа, Еди Херн, се дека ќе има еден милион купување на право на гледање на мечот по платениот канал на Скај по системот pay-per-view.
Уште во среда ќе биде првата заедничка изјава на Џошуа и Кличко, која е посветена на средбата. Херн, пак, откри дека договорот за средбата бил официјално прецизиран неколку часови пред мечот на Џошуа со Молина, а Британецот го потпишал уште во соблекувалната по победата.