Ентони Џошуа и Владимир Кличко постигнаа договор и наскоро треба да се најдат во рингот во борба за ВБА и ВБО титулата светски шампион во тешка категорија.
Веста, која треба да се добие официјална потврда во наредните денови, ја потврди промоторот Еди Херн откако актуелниот шампион Тајсон Фјури оваа недела се откажа од титулата поради скандалот со кокаинот. Иако неговото враќање се очекува по процесот на оправување, за титулата, за која Фјурип вети дека ќе се врати и ќе се бори со Кличко или Џошуа.
„Сите услови се исполнети“, рече Херн за БиБиСи: „Постигнат е договор меѓу борците. Финансиските услови се договорени, имаше проблеми со американската телевизија, но тоа е решено. Остана уште да се реши документацијата и се надевам дека за неколку дена и официјално ќе биде потврдена борбата“.
Фјури светската титула ја освои по победа против Кличко минатата година, потоа два пати се повлече од веќе договорениот реванш. Една година помладиот Британецот Џошуа се уште е без пораз во 17 професионални борби, а ИБФ појас требаше да го брани во ноември во Манчестер.