Светскиот шампион на ИБФ, ВБА и ИБО, Ентони Џошуа, го повика Владимир Кличко да не ја исполни клаузулата во договорот за реванш меч. 27-годишниот Британец го нокаутира Кличко во 11-тата рунда на крајот на април, но и тој се најде во нокдаун во 6-тата рунда, а беше блиску до првиот пораз од 19 натпревари.
„Кличко загуби, но си замина како победник. Во реваншот, сепак, залог ќе се титулите и гордоста. Токму во таков меч Кличко мисли дека би можел да ме победи, бидејќи ќе има што да изгубам. Со задоволство би излегол пак на рингот против него, но не знам што мисли тој. Ако ме послуша, сепак, би му рекол: „Пријателе, беше неверојатна претстава, ти беше многу добар, но не победи. Остави ги работите на позитивната страна и остави другите да ти го заземат местото“, објави Еј Џеј.
Изјавата му дава надеж дека реванш меѓу Џошуа и Кличко сепак нема да има. Тоа значи дека Британецот ќе се соочи со Кубрат Пулев во почетокот на ноември, за да ја направи задолжителната одбрана на појасот на ИБФ.