Ентони Џошуа со 26 години стана шампион во тешка категорија на ИБФ.
Во април 2016 година, тогаш 26-годишниот Британец во втората рунда во Лондон го ноаутира Чарлс Мартин во неговата прва одбрана на титулата.
Две години подоцна, АЏ покрај титулата на ИБФ ги држи и ВБА, ВБО и ИБО појасите.
Иако се уште нема 30 години олимпиксиот победник од 2012 година учествуваше во два меча за обединување во кои ги совлада Владимир Кличко и Џозеф Паркер.
Јавноста бара негова борба со шампионот на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, а 33-годишниот Американец на 1 декември го брани појасот против Тајсон Фјури.
https://www.instagram.com/p/BqcxImPHvAU/?utm_source=ig_embed
Џошуа веќе одамна го има закажано датумот за следната борба – 13 април на Вембли, а боксерската ѕвезда која последните четири средби ги распродаде на фудбалски стадион изјави дека во 2019 година ќе стане неоспорен владетел на тешката категорија.
„Во 22 борби два пати ја обедини тешката категорија. Гледајте како во 2019 година ќе станам неоспорен шампион. Останете гладни“, порача Џошуа преку Твитер.
https://twitter.com/anthonyfjoshua/status/1065280853637509121?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1065280853637509121&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fnews%2Fjoshua-gledajte-kako-u-2019-postajem-neosporni-prvak-u-teskoj-kategoriji%2F22557.aspx
https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=jt8kdcv_uwM
.