Џошуа е подготвен за меч со Вајлдер, но и за компромис

Ентони Џошуа, светскиот шампион во тешка категорија, објави дека е подготвен да се бори против Дионтеј Вајлдер, шампион на ВБЦ, појасот што му неостасува на Британецот.

„Многу ја посакувам оваа борба“, изјави Џошуа.

„Подготвени сме да направиме разумни компромиси, за да има натпревар. Сега го очекуваме мечот со Тајсон Фјури за да продолжиме со преговорите. Наскоро ќе направиме предлог кој задолжително ќе ги заинтересира. Ако во договорот има клаузула за реванш, за мене ќе биде многу важно едната од средбите, ако може првата, да биде во мојата татковина“, заврши Ентони Џошуа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО