Џошуа: Би пробал ММА, но веројатно би ме победиле

ВБА, ИБФ и ИБО светскиот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, вели дека би се пробал и во ММА.

Исто така, признава дека најверојатно би изгубил.

„Сакам да се борам. Би пробал штобило“, изјави за Скај спортс.

На 198 сантиметри високиот Џошуа му е јасно колку е тешко да се победи на врвен борец на ММА во дебито. Вели дека ќе се согласи да се бори во ММА со мали ракавици само да нема борба во партер.

„Веројатно би ме победиле. Единствено што не би и дал во борбата со мене се сабмишаните. Но може да удират со нозете, лактите, да гризат, што и да посакаат. Само без сабмишнани“.

„Никого ме можам да победам со сабмишн. Потребно е многу време за да ги научам тие вештини, а јас немам време за тоа. Но, што се однесува до чистата агресија и правилата на борбата, дефинитивно знам да се борам, па не ми е гајле“.

27-годишниот англичанец гледал други боксери кои не успеале во ММА.

„Повеќето од боксерите кои отидоа во ММА загубија во пратер. Џејмс Тони и други се феноменални боксери, но не можат да се борат во кафезот заради граунд енд паунд“.

УФЦ-шампионот Стипе Миочиќ повеќе пати му упати предизвик на Џошуа за боксерски меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON