Флојд Мејведер намириса дека ММА е прилика за добар бизнис.
Кон крајот на 2015 година Џон Џонс ја спомна можноста за соработка со Мејведер.
Поранешниот шампион на УФЦ полутешка категорија изјави дека веќе контактирал со своите деловни партнери и дека нема ништо против пристапувањето во компанијата на Мејведер.
„Мани“ веќе неколку пати спомна дека сака да се вклучи во ММА, а во последните неколку недели континуирана се зборува за неговата можна борба со Конор Мек Грегор.
Разговарале во вторникот, а Мејведер минатиот викенд зборуваше посебно за Џонс.
„Џон Џонс е ММА, а ние мораме комуницираме и да направиме нешто заедно, јас и тој. Би сакале Џон Џонс да биде дел од TMT. Постојано растеме. И тука не е работи само за тоа ние да заработиме пари, туку и талентот да победи. Тоа е она во што веруваме и затоа толку многу промотори не мразат и не не сакаат, бидејќи ние веруваме дека на крајот талентот ќе победи“.
Џонс објави фотографија од разговорот со Мејведер на Твитер, велејќи: „Прекрасен разговор со TБE (The Best ever – најдобриот на сите времиња). Правиме историја. Шампион во 2016 година.