Додека ја одрабтува суспензијата на ММА поради падот допинг тест, Џон Џонс си ги одмери силите со Дан Хендерсон во граплинг.
Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија на Сабмишн андерграунд 2 во Портланд го победи неодамна пензионираниот Дан Хендерсон давење со рачен триаголник по шест и пол минути од борбата.
По победата Џонс на граплинг борба го предизвика промоторот Сабмишн андерграунд 2 и борец на Белатор, Каел Сонен, кој ја прифати понудата и го понуди 29 јануари како датум за мечот. Осум дена претходно, Сонен се бореше против Тито Ортиз на Белатор 170.
Џонс и Хендерсон требаше да се борат на УФЦ во 2012 година, но Хендо ја откажа борбата поради повреда.
Џеф Монсон го доби Ворен Брукс до давење од позади, додека поранешната шампионка на УФЦ, Миша Тејт, ја порази Џесика Ај.
https://youtu.be/i36Jt9pQWCk
https://youtu.be/CqfMnPFWTyE
https://youtu.be/bhEjJF2tUmw