Џон Џонс (26-1-1, НЦ, 20-1-1НЦ УФЦ) во Хјустон славеше малку потешко од очекуваното против Доминик Рејес на УФЦ 247 во полутешка категорија и по 11 пат ја одбрани титулата. Старо-новиот шампион на овој начин дојде до рекордната 14. победа во борбата за титула во сите категории.
Еден од најдобрите борци во историјата на ММА славеше по пет тешки рунди, противникот одлично ја отвори борбата, но Џонс успеа да воспостави контрола за 20. триумф во полутешка категорија и постана првиот во историјата кој успеал да запише толкав број на победи во една иста категорија.
„Можеби не е импресивно и лесно, но во животот ништо не е лесно. Покажав срце на шампион во петата рунда, пресреќен сум. Неколку пати страшно ме погоди, знам дека фановите сакаат да го видат тоа оти не се случува често. Победата е целосно заслужена“.