Џон Џонс суспендиран една година!

dzon-dzons-faca

Џон Џонс дозна колкава ќе биде неговата суспензија, но сепак таа е малку повисока од онаа на која борецот се надеваше. На натпреварите ќе може да и се врати во јули следната година.

По изнесувањето на нови докази, Џонс и неговиот правен тим се надеваа дека суспензијата може да биде помала, односно на почетокот на следната година борецот да може да се врати во кафезот. Во склад со тоа беа и неговите изјави на социјалните мрежи, односно Џонс се врати на исклучително арогантен пристап, како спрема другите борци, така и спрема навивачите.

Сепак, УСАДА го разочара и му одреди максимална можна казна, со оглед на прекршокот што го направил. Додоа дека Џонс е премногу невнимателен и не ги преземал сите потребни мерки на претпазливост и контрола пред да го земе производот кој содржи забранети супстанци. За потсетување, станува збор за една пилула за подобрување на сексуалната активност. Џонс рече дека е при земањето за можните последици го прашал тимскиот соиграч кој му ги дал апчиња. Комисијата тоа не го сметала за доволно внимание.

Џонс исто така, ќе се врати во кафезот на 6 јули следната година, па можеме да очекуваме да го видиме следната година на некој од настаните во рамките на „Меѓународната борбена недела“. До тогаш треба да има минимум две борби за „Џонсовиот“ наслов шампион во полутешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON