Џон Џонс отпаѓа од УФЦ 200 поради соменвање за допинг

Dzon Dzons ufc

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, пушти бомба во оптек велејќи дека Џон Џонс отпаѓа од мечот со Даниел Кормиер за УФЦ 200.

Борецот бил тестиран за допинг од УСАДА, при што Агенцијата открила сомнителни резултати во примероците земени од него.

Тестот бил направен на 17 јуни. Според првичните податоци, станува збор за марихуана. Се очекува објавување на вторите резултати од тестот.

Според неколку извори, во моментов УФЦ френетично бара замена на Џонс кој ќе застане против шампионот во полутешката категорија, Даниел Кормиер.

За главна борба на УФЦ 200 е поставен дуелот помеѓу Брок Леснар и Марк Хант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON