Џон Џонс: Навивачите сакаат да ме видат на средби против Влеласкез, Нгану, Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер

Поранешниот шампион на УФЦ во полутешка категорија Џон Џонсs неодамна доби 15 месечна казна од УСАДА која истекува следниот месец и тој може да се врати во кафезот. Му недостасуваат противници, а беше предизвикан од Александер Густафсон, поранешен негов противник.

Во интервју за РТ спорт изјави дека има интерес за борби со Каин Веласкез и Френсис Нгану, а верува дека навивачите сакаат да го видат на рингот против Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер.

„Во моментов се наоѓам во период во кој мислам дека веќе нема што повеќе да докажувам во кафезот. Доаѓам по победа со нокаут над Даниел Кормиер, кој се смета за најдобар борец на сите времиња и по таква победа не мислам дека има што да докажувам. Сега сум насочен спрема борбите за пари, а откако го гледав Конор Мек Грегор против Флојд Мејведер видов дека има голем ризик, но и голема награда.

Еднаш еден човек рече дека оној кој се плаши не прави пари и мислам дека кога се вратив треба да прфатам борба во кој има голема веројатност да загубам, бидејќи токму тоа сакаат да говидат навивачите. Луѓето сакаат да го гледаат Џонс против Влеласкез и Џонс против Френсис Нгану. Го насочив вниманието и кон борбите како Џонс против Ентони Џошуа и Џонс против Дионтеј Вајлдер. Тоа се големи битки и верувам дека навивачите сакаат да ги гледаат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON