Џон Џонс: Кормиер нема мадиња за трилогија со мене

На Џон Џонс не му пречи на трета борба со поранешниот двократен шампион Даниел Кормиер.

Во моментов, тие се шампиони и имаат закажани средби за наредните месеци. Џонс ќе ја брани титулата во полутешка категорија на УФЦ 239 против Тијаго Сантос, а Кормиер во тешка категорија во реванш мел ќе се бори со Стипе Миочиќ на УФЦ 241. Дана Вајт рече дека сака ДК да се бори уште еднаш со Џонс, но „Бонс“ смета дека Кормиер нема мадиња да симне во полутешка категорија и да се бори со него.

Пред неколку недели Кормиер изрази желба да се симне во полутешка категорија за една последна битка со „Боунс“, но пред неколку дена изјави дека најверојатно ќе се повлече по средбата со Миочиќ. Во гостувањето кај Ариел Хелвани, Џонс одлучи да поразговара за евентуална борба со ДК:

„Рече дека ќе се повлече во полутешка категорија, за да се бориме, но нема да го стори тоа. Мислам дека тоа бара големи напори од него, за да ги симне килограмите. Лично не сум го видел, но мислам дека е покрупен од кога и да било. Потребна е многу храброст да да отфрлиш толку килограми, за да се изгуби по 3-ти пат. Тој нема мадиња да го направи тоа. Кормиер знае што да зборува пред луѓето, за да помислат дека не му е страв од мене. Мислам дека длабоко во себе знае какво е чувството да загуби од мене. Сите овие солзи. Не мислам дека повторно ќе си го направи тоа. Не знам дали тоа ќе му биде последната битка. Не ме интересира што ќе прави. Не мислам дека Кормиер ми е најтежок противник, туку тоа беше Густафсон. Веќе два пати го победив Кормиер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON