Поранешниот шампион во тешка категорија Џон Џонс се враќа во кафезот на 29 декември во Лас Вегас. Тој ќе го предводи настанот на УФЦ 232 и ќе се бори за титулата во полутешка категорија против Александар Густафсон.
„Коски“ ја издржа едногодиншната казна од УСАДА, бидејќи минатата година беше позитивен на допинг тест, а неодамна доби привремена дозвола од Атлетската комисија и веќе нема пречки пред него. Тој тврдеше дека во првата битка со Алекс бил несериозен и не тренирал здраво, но сега е поинаку и е во одлична форма пред борбата.
https://www.instagram.com/p/BreW5LkF5LT/?utm_source=ig_embed
The sequel is coming. #UFC232 pic.twitter.com/k19FgwbMn6
— UFC (@ufc) December 12, 2018
.