Откако беше повикан во полицијата за сообраќајната несреќа, од која тој избега, Џон Џонс, беше уапсен, но брзо потоа и пуштен со кауција од 2.500 долари.
При неговото ослободување шампионот во полутешка категорија избега од новинарите , кои го чекаа, и ги лиши од каков и да е коментар.
Многумина се согласуваат дека Џонс не само што треба да отпадне од дуелот против Ентони Џонсон на УФЦ 187, туку треба да биде лишен и од титулата. Најактивен во оваа критиката е поранешниот борец и актуелен коментатор, Кени Флоријан. „Мислам дека одземањето на титулата е упатно. Се разбира, ако се покаже дека овие обвиненија се точни. Отстранувањето од организацијата може да биде крајна мерка. Јас би го лишил од титулата. Да се знае, дека ако згреши има последици и казни. Тој мораше да се соочи со Ентони Џонсон, но ако сè е точно, тој не треба да учествува во овој дуел. Треба да побара помош. Според мене, во УФЦ веќе бараат негова замена“.
https://youtu.be/GNYAP3q51vo