Џо Смит – Јуниор забележа импресивна победа над легендарниот Бернард Хопкинс – Вонзејанинот (САД). Двајцата Американци боксираа на галавечерта во Калифорнија, а ова веројатно беше последниот меч во кариерата на 51-годишниот ветеран.
Смит го диктираше темпото уште од почетокот. Во типичен стил Хопкинс се обидуваше да контрира, но почувствува дека годините му ја одзеле од неговата брзина. Меѓутоа, во поголемиот дел од натпреварот тој се држеше, пред да дојде до осмата рунда. Тогаш Смит имаше серија од удари, а Хопкинс низ јажињата беше исфрлен надвор од рингот. Тој падна многу тешко и не успеа да се качи навреме, за да продолжи. Хопкинс протестираше дека бил истуркан од својот ривал.
Смит ја запиша 23 победа (19 со нокаут) во својата кариера. Тој има и 1 пораз. Хопкинс го забележа осмиот пораз наспроти 55 победи (32 со нокаут). Тоа беше последниот меч во кариерата на ветеранот, кој две години не бил во рингот.
https://youtu.be/20Dc3He3SAo