Ентони Џошуа може и да е шампион во тешка категорија на ИБФ, ИБО, ВБО и ВБА, но по се изгледа дека во моментов картите во рака ги држи шампионот во тешка категорија на ВБЦ Дионтеј Вајлдер. Тие годинава беа блиску до борба, но тимот на Џошуа му понуди премалку пари на Вајлдер и без процент од продадените влезници и платените гледања (ППГ). Вајлдер избра да ја брани титулата против Тајсон Фјури, при што нивниот спектакл заврши нерешено, а сега ќе имаат и реванш напролет, што е сериозен удар за ЕЏ, кој сакаше борба за обединување на појасите.
Дионтеј Вајлдер беше гостин кај Џо Роган и притоа разговараа за многу теми, а една од нив беше претстојната битка на Џошуа во април. Џо критички зборуваше за ЕЏ и рече дека на никого не му е гајле за неговата борба:
„Во моментов тој изгледа ужасно. Џошуа ќе се бори со некој друг боксер и на никого не му е гајле за неговата битка. Какви и да има титули, тие немаат значење. Неговите титули не значат ништо. Секој знае каде е вистинската титула. Се разбира, сега тие ќе се молат за меч, Дионтеј“.
https://twitter.com/EditinKing/status/1072258093503971330?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fboks-novini%2Fjoe-rogan-na-nikoy-ne-mu-puka-za-bitkata-na-anthony-joshua
.