Прилепските џудисти од ЏК Пролетер освоија четири медали на два меѓународни турнири во Белград.
Пролетер на двата турнири настапи со вкупно 13 натпреварувачи и освои два сребрени и два бронзени медали. Теодора Димеска и Марија Самарџиоска освоија сребрени медали, а Давид Спиркоски и Јорданчо Георгиоски бронзи.
Во сабота на учествуваа на „Трофеј на Белград 2016“, на кој настапија 450 натпреварувачи во кадетска и јуниорска конкуренција, а во недела на Меѓународниот турнир „Срѓан Јанковиќ“ имаше преку 700 пионери. На двата турнири учестваа екипи од Романија, Црна Гора, БиХ, Косово, Буарија, Македонија и Србија.
Ipon.mk/В. Д.