ЏК Пролетер освои 23 медали на Државното првенство за пионери и јуниори во Битола -10 златни, 9 сребрени и 4 бронзени.
Први места освоија: Теодора Ристеска, Самарџиоска Марија, Томеска Марија, Марко Кироваков, Давид Спирковски, Годе Ристески, Димитар Петрески, Јордан Георгиоски, Борче Ангелов и Марко Паноски.
Видео:https://www.facebook.com/.
Втори се: Христина Ристеска, Хелена Зографска, Наталија Димеска, Барбара Башеска, Никола Кочоски, Христијан Ангелески, Валентин Цаневски, Дарко Велкоски и Лука Петејчук.
Трети места: Марија Георгиеска, Мартин Милчиноски, Михаил Стојкоски, Дино Спиркоски.
„Пионерите и јуниорите на Пролетер со својата борбеност и желба за победа потврдија дека во нив има голем потенцијал за големи успеси, а следната проверка на џудистите е наредната недела на Државното првенство за помлади пионери и кадети“, истакнуваат од клубот.
Годинава државните прваци ќе имаат можност да настапат на Балканското првенство за пионери, кое ќе се оддржи во Македонија.
Ipon.mk/В. Д.