Младите џудистите на Пролетер го понесоа пехарот за најдобра екипа на Меѓународниот турнир „Ненад Цветковиќ Целе“ во Ниш – Србија, во конкуренција на натпреварувачи од Бугарија, Грција, Македонија и домаќинот Србија.
Натпреварувачите на Пролетер импресираа со своите борби и освоија 15 медали.
Златни медали освоија: Стојаноски Јован 25 кг, Самарџиоски Петар 30 кг, Петрески Мартин 32 кг, Томеска Марија 57 кг.
Сребрени медали за: Милчиноски Мартин 60 кг, Самарџиоска Марија 48 кг, Теодора Димеска 44 кг, Петрески Димитар 50 кг, Павлоски Михаил 30 кг и Стојаноски Михаил 27 кг.
Бронзени медалисти се: Најдоски Тео 30 кг, Милчиноски Владимир 50 кг, Кироваков Марко 30 кг, Спиркоски Никола 25 кг и Спиркоски Филип 18 кг.
„По овај натпревар ни претстои период за подготвуање на техниките за полагањето за појас, кое се оддржува еднаш годишно во рамките на клубот под надзор на интернационален тренер од Велика Британија-Калед Колдери(Khaled Choldery) 4 дан“, велат од Пролетер.
Ipon.mk/В. Д.