Џудистите на Ипон на Државното првенство за јуниори денеска во Прилеп како да беа специјализирани за златни медали, освојувајќи 4 злата, потоа 1 сребро и 2 бронзи.
Медалите ги освоија:
-Резарт Хусени -55кг – златен медал
-Ветон Ајдинов -60кг – сребрен медал
-Ангел Ангелов -66кг – бронзен медал
-Ариф Сејди Жарки +100кг – златен медал
-Амра Фејзула -63кг – златен медал
-Милена Алексоска -63кг – бронзен медал
-Анастасија Качаниклиќ +78 – златен медал.
„Навистина сме горди на нашата златна генерација, на којашто и претстои светла иднина. Денеска покажаа одлични борби“, велат од Ипон.
Ipon.mk/В.Д.