Џудо клубот Дрим од Струга им го приближува џудо спортот на сите каде и да живеат. Па така денес во Основното училиште „Kлимент Охридски“ во струшкото село Дрслајца се оддржа презентација на оваа јапонска вештина.
„Присутните ученици, професори, како и директорката на училиштето, со големи овации го гледаа настанот, а по завршувањето со големо задоволство изјавија дека поголем дел од учениците сакаат да започнат да тренираат џудо“, велат од ЏК Дрим.
Тренерите на Дрим, проф. Ѓорѓија Стојанов и проф. Марин Биљаноски, изразија огромна благодарност до училиштето како и до деректорката за овозможената презентација со меѓусебен договор и за понатамошна соработка.
„ЏК Дрима не застанува тука, и понатаму ќе продолжи со афирмација и презентирање на џудо спортот и во другите училишта во нашиот град, се со цел – омасовување на овај прекрасен спорт, кој е докажано најдобриот спорт за правилен раст и развиток на децата“, истакнуваат од клубот.
Ipon.mk/В. Д.