Џудо мајсторот Габриел Сапта вчера го посети Џудо клубот Дрим на огромно задоволство на членовите на клубот.
Габриел Сапта е мајстор од Белгијаи носител на мајсторски појас 6 дан, а е ангажиран од страна на Македонскиот олимпискиот комите и Џудо федерацијата на Македонија.
„Господинот Сапта присуствуваше на двата тренинзи, и со големата и со малата група, и со добри совети и поуки помогна да го подигнеме нивото на нашето џудо“, велат од ЏК Дрим.
Ipon.mk/В.Д.