Со 7 натпреварувачи Џудо клубот Дрим од Струга освои 5 медали на Меѓународниот турнир „Илинден опен 2016“ во Софија – Бугарија, од кои 2 златни, 2 сребрени и 1 бронзен.
На турнирот учествуваа над 1000 натпреварувачи од 13 земји.
Медалите за Дрим ги освоија:
- Дорјан Петкоски У-6 злато
- Марио Нелоски У-12 злато
- Анамарија Стојмилоска У-8 сребро
- Христијан Глигороски У-12 сребро
- Јаков Блазески У-8 бронза.
Христијан Тодев и Михаил Касниоски се пласираа на петото место.
Ipon.mk/В.Д.