Џими Манува против Волкан Оездемир

Многу интересен полутешкашки пар е додаден на УФЦ 214: Кормиер – Џонс 2.

Џими Манува (17-2, 6-2 УФЦ) ќе се бори против Волкан Оездемир (14-1, 2-0 УФЦ) на 29 јули во Анхајм.

И двајцата се во серија од две победи во УФЦ.

Манува по поразот со нокаут од Ентони Џонсон ги нокаутира Овинс Сент Про и Кори Андерсон.

Швајцарецот има четири последователни успеси, а во првите две борби за најсилната ММА промоција беше импресивен. По прославата против ОСП со поделена одлука, минатиот викенд во Стокхолм за 28 секунди го нокаутира Миша Циркунов.

Манува ќе биде резерва ако нешто и се случи на главните ѕвезди на настанот Кормиер и Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON