Непоразената ѕвезда ја освои светската титула на ВБА во лесна категорија, откако го нокаутира во 12. рунда кубанскиот ветеран Јуриоркис Гамбоа.
Дејвис доминираше на целата средба. Го рушеше противникот три пати со нокдаун. Средбата беше прекината на 1:43 мин. пред последниот удар во гонгот.
Дејвис веќе има 23 победи (22 со нокаут). Тој е во серија од 14 последователни победи со нокаут. Гамбоа го забележа третиот пораз наспроти 30 победи (18 со нокаут).
По мечот, Дејвис ги изненади сите новинари, откако напиша оценка 4+ за неговиот настап.
„Гамбоа е најдобриот боксер од сите ривали до сега“, изјави штитеникот на Флојд Мејведер. Тој додаде дека сакал да се бори против Васил Ломаченко во неговиот следен натпревар.