Австралиецот Џеф Хорн забележа голема победа пред домашната публика откако со судиски одлука ја совлада боксерската легенда Мани Пакијао.
Според многумина, тоа не беше многу правилно и победата требало да му припадне на Пек Мен.
Хорн започна со притисок во првата рунда и го прогонуваше Пакијао. Двајцата си разменија силни удари во првите рунди, но со лесна надмоќ во точноста Филипинецот почна да ја презема иницијативата.
Сепак, тоа не го спречи Хорн да бара борба и да биде поагресивен во рингот.
Во шестата рунда двајцата ненамерно се удрија во главите, по што Пакијао ја повреди аркадата и имаше голема осекотина.
Размената на удари продолжи и во седмата рунда, кога повторно двајцата ги удрија главите и на Пек Мен му се повреди и другата аркада, а, во меѓувреме, Хорн почна да задава повеќе удари.
Во деветата рунда Филипинецот почна да брка нокаут. Му нанесуваше тешки удари на Хорн кој ги прими без посебна одбрана. Десната страна на лицето на Хорн беше премачкано од Пек Мен.
Пакијао почна да се изморува во десетата рунда, а Хорн се обидуваше да се опорави и се чини успеа, бидејќи во последните неколку рунди го преплави со удари, иако не онолку точни како на противникот.
На крајот судиите му ја дадоа победата на Хорн, по оваа долга и исцрпувачка средба.
Иако ја загуби борбата Мани Пакијао ќе зарбаоти 10 милиони долари, а Хорн 500.000. Мечот го следеа 51.000 гледачи на стадионот во Бризбејн.
https://youtu.be/-dj9esk2kfY
https://youtu.be/9huaymgEL6o
.