Џарел Милер – Големото бебе одлучи да го сподели неговото предивидување за борбата со шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа во јуни во Медисон сквер гарден. Милер изјавува дека ќе го нокаутира ЕЏ во седмата рунда.
„Гледам како го нокаутирам во 7-мата рунда. Сè уште не знам која со комбинација ќе го постигнам тоа. Мислам дека тоа ќе се случи со лево кроше во телото, а потоа со десно. Меѓутоа, во мојата фантазија работите се многу подобри. Тоа е се за мене и ќе ми го промени животот.
Не го потценувам, но откако ќе го победам, можам да им помогнам на многу луѓе околу мене и на многу земји и општества. Не го потценувам и мислам дека и тој нема да ме потцени. Ќе ви кажам, го чека големо тепање. Знам дека ќе ги освојам титулите“.
https://www.instagram.com/p/BueLj9QhVRC/?utm_source=ig_embed
.