Џабе чекање, откажана борбата Федор – Митрион!

Само неколку часа пред да Федор Емилијаненко и Мет Митрион требаше да влезат во кафезот, дојде до големи проблеми и борбата денес нема да се одржи!

Всушност, како што извести претседателот на Белатор, Скот Кокер, Митрион во текот на денот почувствувал последици од болеста, која не ја навел, а во текот на денот ситуацијата се влошила и не бил во состојба да настапи. Штом се појавиле проблемите, Белатор се биде да најде замена, но не успеале и Федор нема да настапи вечерва во Сан Хозе.

Белатор се надева дека оваа борба ќе се одржи во еден од нивните следни настани, а со ова главната борба на денешниот настан ќе биде меѓу Џош Томсон и Патрики Фреир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON