Девин Хејни го тужи Рајан Гарсија за измама

Свртуваме ново поглавје во скандалот Девин Хејни (31-0) против Рајан Гарсија (24-1), бидејќи оваа недела се појави дека „Сонот“ го тужи „Кралот Ри“ за неоправдано богатење и измама, објави „Бокс сцена“.

Адвокатите на Хејни во обвинението ја додадоа и компанијата за промоција која стои зад Гарсија – Голден бој промоција.

На 20 април оваа година шампионот на ВБЦ во суперлесна категорија беше соборен три пати во нокдаун, но подоцна беше откриено дека неговиот противник користел стероиди за да се подготви за борбата. Згора на тоа, на официјалното мерење се појави со прекумерна тежина.

„Девин е посветен професионалец, додека Рајан Гарсија нема почит кон себе, бизнисот и спортот“, изјави адвокатот Пат Инглиш.

Спортската комисија на Њујорк го поништи резултатот од предметната борба, но штетите на имиџот останаа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON