Девин Хејни ја загуби титулата на ВБЦ откако ја одби понудата за борба од 2,4 милиони долари

Девин Хејни повеќе не е шампион на ВБЦ во суперлесна категорија, откако неодамна ја одби понудата да се бори со Сандор Мартин.

Имено, ВБЦ му нареди на непоразениот шампион да се бори со шпанскиот боксер, а на аукцијата за хонорар се појави само Топ ранг, кој понуди 2,4 милиони долари.

Еди Херн и неговиот Мечрум овојпат му свртеа грб на шампионот.

Понудата на Топ ранг од 2,4 милиони долари беше прифатена, а Хејни со победата може да заработи 1,7 милиони долари.

Хејни не покажа интерес и го побара од ВБЦ статусот „шампион на одмор“, што организацијата го прифати, а Девин мораше да го врати појасот.

Алберто Пуело сега има можност да го замени привремениот со вистински појас, бидејќи следниот меч против Шандор Мартин ќе биде за титулата.

На победникот од таа борба ќе му биде наредено да се бори со Гери Антоан Расел.

Хејни изјави дека остатокот од годината ќе го помине надвор од боксот. Ќе има доволно време да одлучи дали ќе продолжи да се бори во категоријата до 63,5 килограми или ќе оди во повисока дивизија.

Му се нудат борби со Теофимо Лопез (ВБО појас), Лијам Пар (ИБФ), Исак Круз (ВБА)…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON